Петковска и Лублин редат победи во Полска

Десното крило Елена Петковска од оваа сезона ги брани боите на некогашниот полски првак Лублин, тим што своевремено беше редовен гостин во Скопје во ерата на Кометал ЃП. Таа веќе започна со настапите во полскиот шампионат и со нејзиниот тим имаат четири победи, па заслужено се на врвот.

Лублин досега ги победи Киелце со 30:16, Кобјержице со 32:19, како и Пјотрковиа каде игра Зорица Десподовска со 36:25. На последниот натпревар беа убедливи дома и славеа против Рух Хоржов со 42:21, а Петковска постигна 2 гола.