Песоа се разведе од канадскиот модел, сега има нова девојка – поранешна ракометарка (ФОТО)

Поранешната голманка на Вардар, а сегашна на рускиот Ростов Дон – Маиса Песоа, неодамна стави крај на брачниот живот со канадскиот фото-модел Ники Шумахер, која доаѓаше да ја посетува и во Скопје.

Но не помина долго време, додека си најде нова девојка. Станува збор за Холанѓанката Никита Рамона, фитнес-инструктор и личен тренер, која своевремено се занимавала и со ракомет и гимнастика.

„Нашите погледи се сретнаа за првпат во 2012 година, но дури сега нашите патишта се споија. Почувствуваме силна љубов и силна привлечност, па знаевме дека треба да бидеме заедно. Оваа жена е моето срце, мојата душа, мојот живот…“, напиша Песоа.