Песната на најверните одекнуваше во „Јане Сандански“ и 30 минути по мечот меѓу Вардар и РНЛ (ВИДЕО)

Македонскиот шампион денеска доживеа пораз од Рајн Некар во натпреварот од Лигата на Шампионите. За една седмица вардарци покажаа две различни лица и денешниот натпреварот го одиграа во грч од самиот почеток.

Сепак и покрај вечерашниот резултат, најлојалните фанови Комити до крај беа верни на својот клуб и скандираа 30 минути по завршувањето на натпреварот. Празните трибини на спортскиот центар „Јане Сандански“ не ги обесхрабрија најверните навивачи кои со песна ги повикаа и своите миленици. Вардарци иако со натажени лица го напуштија теренот, повторно излегоа од соблекувалната за да се заблагодарат за безусловната подршка.и да соберат самодоверба пред клучниот натпревар оваа година против екипата на Киелце во Полска.