Перковац остана со празни раце, Жељко Бабиќ нов селектор на Хрватска!

Четириест и три годишниот тренер на белорускиот шампион Брест Мешков е новиот селетор на Хрватска. Како што објави угледниот хрватски весник „Јутарњи Лист“, Хрватскиот Ракометен Сојуз одлучи во иднина на кормилото на најуспешната ракометна селекција да застане двоецот Бабиќ и Метличиќ.
Бабиќ кој во минатото беше помошник на селекторите Червар и Голужа, својата кариера ја стави на коцка превземајќи ја тогаш амбициозната екипа на Мешков од Брест. Тој создаде екипа за почит, а финансиските проблеми на големиот ривал Динамо Минск му овозможија минатата година за прв пат да го освои белоруското првенство и да настапи во Лигата на шампионите.
Бабиќ во трката за нов хрватски селектор ги победи Ивица Обрван и Горан Перковац. Перковац загуби најмногу со оглед на отказот кој пред неколку дена го доби од германскиот бундеслигаш Минден, каде беше главен тренер.