Периќ: За многумина Србија е изненадување!

По натпреварот меѓу домаќинот и репрезентацијата на Србија, на конференцијата за медиуми говореа двајцата селектори, придружувни од Михаел Јурецки и Петар Ненадиќ. Несреќниот пораз на Србија и почетната победа на Полска беше предмет на анализа на оваа прес-кнференција.

БИГЛЕР, селектор, Полска: Очекував силен натпревар против силен противник. Сите го очекувавме овој меч со нетрпение од организаторите до играчите и клупата. Тешко е да се започне турнирот со ваков меч, и речиси без одбрана во првиот дел. Тешко е да се прилагодите на овој систем со оној кој се тренира во клубовите. Секогаш некој ќе го заборави чекорот или акцијата, затоа и се прават гршки. Во вториот дел одигравме подобро, имаме добар систем но мораме да одиграме лесно и да седржиме до тоа, ништо компликувано. На крајот сум задоволен од сите 60 минути во нападот, мораме да поработиме на одбраната и реализација на зицерите.

ПЕРИЌ, селектор, Србија: И честитам на репрезентацијата на Полска која со победа го отвори првенството. И покрај тоа што игравме против домаќинот, игравме добро, за многумина изненадување е српскиот тим, ние денес игравме на победа. Имавме свои шанси, имавме квалитетен напад, но денес не дојдовме во ситуација да го валоризираме нападот порад нивото на одбраната. Причината за тоа е индивидуалниот квалитет на полските ракометари. Лично сум задоволен со менталниот склоп на мојата екипа, имавме желба и се боревме за позитивен резултат до самиот крај.

Верувам дека сите присутни во сала кои денес навиваа за Полска, до последниот момент трепереа за победа на нивниот тим. Секако победата на Полска не е незаслужена, а ние ќе игра се подобро во понатамошниот тек за да можеме да победуваме.

ЈУРЕЦКИ, ракометар, Полска: Полскиот тим не играше како што очекуваше селекторот, но најважна е победата. Се заблагодарувам на навивачите, за поддршката и се надевам дека во продолжение на турнирот ќе играме подобро во одбраната.

НЕНАДИЌ, ракометар, Србија: Честитики за полскиот тим на победата, секогаш е тешко да го загубиш натпреварот во последната минута. Игравме добро и се боревме иако никој не очекуваше. Горд сум на мојот тим бидејќи одлично одигравме, иако дојдовме со подмладена екипа, се покажавме во вистинско светло. Се надевам дека ќе играме подобро и  дека нема да не прати лоша среќа.