Перез де Варгас: Голманите и одбраната ќе го решат победникот!

Европскиот шампион пристигна  во Скопје, вечерва тие ќе го одиграат и вториот дуел со македонскиот шампион во рамките на Лигата на шампионите, а во него влегуваат со гол предност од Шпанија. Првата виолина меѓу стативите на Барселона го брани голот на Катар во Азиското првентво. Отсуството на Шариќ од неколку натпревари значеше шанса за младиот голман во составот на Барселона – Перез де Варгас кој што на најдобар начин возврати за укажаната можност.

24Ракомет: Со отсуството на Шариќ, Вие сте првиот избор на голот на Барселона, дали чувствувате некаков притисок од новата улога во тимот?

“Удобно се чувствувам со новата улога која што ја имам во тимот. Драго ми е што ја добив шансата да се докажам и со мојата игра да придонесам за доброто на тимот.”

24Ракомет: Многу ретко го гледаме Лазаров во одбрана, како ќе ги оцените неговите дефанзивни способности?

Перез де Варгас:

“Точно е дека Кирил не игра многу во одбрана но во случај кога е принуден да игра неговиот стил е секогаш агресивен, сепак поставеноста на нашата игра е на такво ниво што ние сакаме него да го користиме во напад.”

24Ракомет: Кое е најсилното оружје на Вардар, а кого би го издвоиле како најквалитетен идивидуалец?

Перез де Варгас:

“Со секоја измината сезона Вардар се повеќе и повеќе ја подобрува својата игра. Со доаѓањето на Штербик, екипата успеа да направи голем прогрес. Мислам дека Штербик и Алекс Душебајев се најдобрите играчи ви тимот”

24Ракомет: Што ќе пресуди на денешниот натпревар?

Перез де Варгас:

“Иако на натпреварот во Барселона имаше многу погодоци, над 60 вкупно за двете екипи, сметам дека денес голманите и одбраната ќе го решат победникот.”

Натпреварот својот почеток ќе го има во 17:45, а домаќин ќе биде спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.