Пеовска за 24Ракомет ТВ: Го загубивме натпреварот на наши грешки (ВИДЕО)

Куманово ја почуствува европската ракометна сцена преку шпанскиот состав Хелветија Алкобендас во рамките на второто коло на Челинџ купот. Поразот од шест голови не го отсликува вистинскиот размер на силите, па затоа кумановчанки, ќе се обидат да дојдат до поволен резултат во Шпанија наредната седмица. Простор за докажување и стекнување искуство кое ќе биде драгоцено во битката за подобра позиција во македонската Суперлига.

Една од најдобрите поединки во составот на Куманово, Викторија Пеовска за 24Ракомет ТВ нагласи дека тие се подготвени за битката за втората позиција во македонското првенство, а европските натпревари сигурно само ќе ја подигнат формата пред продолжението на македонскиот шампионат…