Пенезиќ: Разочарна сум, плачев по натпреварот

Хрватската репрезентативка и членка на Вардар не го криеше разочарувањето после вечерашниот пораз на нејзината репрезентација.
Веднаш после натпреварот таа ја даде следнава изјава:

“Многу сум разочарана, плачев. Овој шампионат го игравме на домашен терен и големо изненадување е тоа што нема да продолжиме да се натпреваруваме во следната рунда. Знаевме дека мораме да победиме но едноставно немавме доволно среќа. Дадовме се од себе и се боревме многу, но беше невозможно да се победи денес. Поголемиот дел од натпреварот беше изедначен и игравме гол за гол но тие не не победија со десет гола разлика. На крајот ние направивме две или три технички грешки и тоа го одлучи победникот”