Пенезиќ: Прво Хрватска, па Македонија

Македонскиот шампион Вардар деновиве интензивно се подготвува за стартот на вториот дел од сезоната. После успешната контрола со данскиот Копенхаген, вардарки се во исчекување на натпреварите од Лигата на Шампионите.

Хрватската репрезентативка и член на ЖРК Вардар – Андреа Пенезиќ во пресрет на денешниот натпревар помеѓу Македонија и Хрватска за 24ракомет изјави:

“Се трудам колку што можам да го пратам Светското првенство во Катар но за жал натпреварите кои ние ги игравме како и тренинзите во најголем дел се во ист термин со натпреварите од Светското првенство во Катар. Не очекува доста интересен натпреварувачки ден а на натпреварот помеѓу Македонија и Хрватска ќе навивам за мојата родна земја а после тоа секако за Македонија”