Пенезиќ: Полека ја подигаме формата

По вчерашната лесна победа над данскиот Копенхаген, Андреа Пенезиќ за 24 ракомет.мк проговори за подготовките на тимот:

Во моментов само јадеме, спиеме и тренираме. Со оглед на фактот дека не отидовме на подготовки темпото со кое што работиме во моментво е убиствено. Добро е што ја имаме екипата на Копенхаген тука веќе неколку дена и со овој противник можеме да видиме до каде сме, каква е нашата форма и на што треба да поработиме во иднина. Мислам дека полека ја подигаме формата, иако тоа сеуште не е идеално сепак сметам дека конечно почнавме да играме поагресивно во одбрана и за прв наптревар изигравме добро. Имаме уште простор за напредок и во деновите кои следуваат ќе работиме на тоа.

Со новиот тренер добивме некој дански стил кој тежнее повеќе да се игра преку полуконтри и контра напади како и поагресивна игра во одбрана. Во нападот доста работиме на тактиката и нормално е дека се гледа некоја разлика во нашата игра.