Пенезиќ останува дел од хрватската репрезентација: Новинарите погрешно ме разбраа!

Андреа Пенезиќ по натпреварот со Халандија во сосема порасположено издание одговараше на прашањата на медиумските претставници. За прераното завршување на Европското Првенство причините и за наводното повлекување од дресот на Хрватска вели:

Задоволни сме од победата, но тажни сме затоа што не успеавме да се пласираме во главната фаза. Бевме премногу опуштени без притисок и сакавме да се збогуваме од турнирот со победа.
Победивме за нашите поддржувачи за нашите фанови.Ќе треба време да заборавиме на овој неуспех. Многу е лош чувството да си заминеш од Првенството на домашен терен уште во првата фаза. Многу се разочаравме по поразот од Германија. Но ќе бидеме подобри со време и ќе заборавиме на ова.
Мое мислење е дека имавме преголем притисок.Ниту една селекција не победи против нас со десетина голови. Со малку повеќе среќа можеби ќе поминевме во следната фаза.
За напуштањето на Хрватската репрезентација, тоа се само шпекулации на некои новинари. Можеби во прашање е недоразбирање. Само кажав дека има неколку постари ракометарки во националниот тим кои сакаат да се откажат. Но никогаш не кажав дека меѓу тие ракометарки сум и јас.