Пенезиќ: Одигравме најдобар меч досега

Вардарки денеска имаа повеќе причина за славје. Покрај убедливата победа над унгарксиот вицепрвак ФТЦ на негов терен, го прославија и роденденот на Андреа Пенези. Со оваа победа, Вардар му се реваншираа на ФТЦ за ремито во првото коло, и ја оствари четвртата победа по ред сезонава за зацврстување на првото место на табелата во групата Б.

„Морам да признам дека се подготвувавме цела недела за овој меч. Имавме респект кон ФТЦ. Во првиот натпревар во Скопје не бевме најдобри, ама сега целосно ја оправдаме улогата на фаворит. Одигравме најдобар меч досега, првенствено мислам на одбраната која функционираше совршено. И кога некој ќе погрешеше, имаше кој да помогне и да затвори. Ова ми е најдобар подарок за роденден.“ – изјави Андреа Пенезиќ.