Пенезиќ: Ова е нашата последна шанса за медал, ќе го оставиме срцето на терен

Хрватската женска ракометна репрезентација вечерва од 20:15 часот во Вараждин против репрезентацијата на Шведска го игра првиот натпревар на Европското првенство. Симпатиите на дел од македонската ракометна јавност секако ќе бидат кон репрезентациите во кои настапуваат ракометарките на ЖРК Вадар. Вардарките Андреа Пенезиќ и Маја Зебиќ ќе се обидат вечерва на крилјата на домашната публика во Вараждин со победа да го стартуваат ова ЕП, на кое се домаќини заедно со Унгарија и од кое очекуваат висок пласман, а зошто не и медал. Андреа Пенезиќ за хрватските медиуми вели дека ова можеби е последната шанса за оваа генерација да освои медал на некое големо натпреварување:

Се чувствува некоја позитивна нервоза во репрезентацијата и сите со нетрпение го очекуваме тој прв натпревар. Спремни сме, можеби треба уште малку да поработиме на некој тактички елементи, уште малку да го проанализираме противникот, но мислам дека добро го одработивме и тој дел.

Скандинавскиот ракомет е препознатлив по силната транзиција, брзиот пренос на топка и казнување на секоја грешка на противникот за што Пенезиќ посебно предупредува:

Швеѓанките играат скандинавска 6-0 одбрана, брзите контри и полуконтри се нивното најсилно оружје. Треба да одиграме паметно, цврсто во одбраната и да напаѓаме преку брзи полуконтри. Во нападот треба да играме дисциплинирано со што помал број на технички грешки. Мора да го оставиме срцето на терен и да дадеме се од себе.

Хрватската јавност долго очекува успешен настап на некое Европско и Светско првенство и од женската ракометна репрезентација, а ова можеби е и последната шанса за оваа генерација да дојде до медал на некое големо натпреварување:

Мислам дека ова е нашата последна шанса да освоиме медал. Чувствувам дека по прв пат сме обединети и решени да стигнеме до тоа толку посакувано полуфинале.

фото: www.novilist.hr