Пенезиќ: Не смееме да дозволиме никој да се поигрува во нашиот дом!

Први со свои официјални натпревари во новата година ќе започнат македонските шампионки ЖРК Вардар. Натпреварите од Лигата на шампионките се закажани за првата недела од јануари, а првиот натпревар во главната фаза вардарки ќе го одиграат против романскиот шампион ЦСМ Букурешт во Скопје. Тоа беше повод за првата прес конференција на која своеto мислење за овој натпревар со медумите го споделија Гордана Нацева, Индира Кастратовиќ и Андреа Пенезиќ.

Гордана Нацева, претседател на клубот:

Не очекуваат најважните натпревари од ЛШ каде нема време за поправен и секој бод е важен. Нашиот противник имаше успешна прва рунда. Секогаш е проблематично кога од репрезентативните се префрламе на клупските обврски, ќе биде добра ракометна претстава со добар противник и квалитетни играчи. Вардар атакува и оваа година кон Ф4, а ова е само еден чекор кон Будимпешта.

Индира Кастратовиќ, тренер на ЖРК Вардар:

Имавме доволно време да се подготвиме добро, ги анализиравме девојките сите се здрави и подготвени за тој натпревар. Многу работиме овие денови на тоа да не изгориме во првите минути од натпреварот. Кога ќе ни дојдат емоциите и желбата за победа, текот на натпреварот може да се насочат на лошо. Треба мирно и квалитетно да го одработиме натпреварот сите шеесет минути. Букурешт е екипа која може да се победи само ако се игра сите шеесет минути. Имаат добри голмани, исто така за нас плус е што Јоргенсен е повредена и немаат левак на десната позиција, ние треба да одиграме квалитетно и со нашата добра одбрана и квалитетни контра-напади да можеме да победиме.

Андреа Пенезиќ, ракометарка на ЖРК Вардар:

Се надевам дека добро ќе стартуваме во новата година. Букурешт има квалитетна екипа затоа секоја минута мораме да играме максимално. Имавме доволно време да ги анализираме, да се подготвиме и да се одмориме.  Не смееме да дозволиме никој да си игра во нашиот дом и тоа треба да го покажеме на терен.

Натпреварот се игра во сабота (09.01) со почеток од 17:30 минути во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје