Пенезиќ: На крајот најважни се двата бода!

На прес-конференцијата по натпреварот видлива беше разочараноста во тимот на Романија. Македонскиот првак со минимални 22-21 го совлада ЦСМ Букурешт. Ким Расмусен со пораз се враќа од Скопје, а на обраќањето пред медиумите го придружуваше Јелена Грубишиќ. Индира Кастратовиќ беше задоволна од постигнатиот резултат, а Андреа Пенезиќ потенцираше дека најважни се двата бода.

Ким Расмусен: „Разочаран сум, честитки за оваа тесна победа на Вардар. Имавме многу повредени играчи. Разочарани сме што не успеавме да освоиме барем еден бод. Вардар заслужено победи.“

Индира Кастратовиќ: „Честитки за Букурешт за одличниот меч. Реков и предходно дека можеме да ги победиме само ако играме 60 минути како треба со нив. Ова е прв меч оваа година и беше стресно. Сега ни претстои меч со Будуќност и на тој меч ќе се фокусираме од утре. “

Јелена Грубишиќ: „Честитки за Вардар. Тежок натпревар, и водевме и губевме, но на крај немавме доволно среќа. “

Андреа Пенезиќ: „Честитки за Букурешт. Прв натпревар, бевме нервозни и нефокусирани, но на крајот најважно е што освоивме два бода. “