Пенезиќ заслужено меѓу „трите ѕвезди“ на колото во ЛШ (ВИДЕО)

Андреа Пенезиќ беше најзаслужна за победата на Вардар на мечот против Астраханочка со 31:26, за останување на првото место на тaбелата во Б групата од Лигата на шампионите. Таа постигна 10 голови на овој натпревар и заслужено се најде во „трите ѕвезди“ на коло што беа избрани од ЕХФ.

„Машината за голови” како што ја нарекуваат од на медиа тимот на ЕХФ, постигнуваше голови од секоја позиција, а најчесто од девет метри. Покрај Пенезиќ, меѓу трите ѕвезди на колото се уште и Мелинда Сикога од ФТЦ Будимпешта и Едуарда Аморим од Ѓер.