Пенезиќ е најдобра ракометарка за месец март!

Европската ракометна федерација ги прогласи најдобрите ракометари за месец март во машка и женска конкуренција. На задоволство на сите вардарови навивачи, Андреа Пенезиќ ја понесе титулата најдобра ракометарка за месец март. Одличните партии во дресот на Хрватската репрезентација (во март се играа квалификациските дуели) беа сосема доволни хрватската репрезентативка ја освои титулата ЕХФ ракометарка на месецот.

“За мене е голема чест што новинарите гласале да бидам најдобра ракометарка за месец март. Ова е награда за сите наши напори, тренизни и секако настапи на теренот. Чуството е одлично и се надевам дека и во иднина ќе продолжам со добри игри”.

Во врска со своите настапи во месец март, кои беа квалификациските натпревари против Црна Гора, Пенезиќ вели:

“Во март имавме само репрезентативни натпревари бидејки имаше пауза на клупско ниво. Одигравме два тешки натпревари против Црна Гора во квалификациите за ЕУРО 2016. Морам да напоменам дека Црна Гора е една од најдобрите репрезентации, и со оглед на тоа дека им се спротиставивме со доста млади ракометарки во составот нашата победа во Сплит уште повеќе добива на тежина. Драго ми што освоивме два важни бода на овој натпревар а исто така одигравме добро и на гостински терен. Во овој момент се фокусираме на клупските обврски, а во Јуни не очекуваат важни натпревари против Македонија и Словенија”.- изјави Пенезиќ за официјалниот сајт на ЕХФ.