Пелистер со победа во Велес ја заврши регуларната сезона

Во последното осумнаесетто коло од македонскиот шампионат, Пелистер ги однесе трите бодови од Велес и заврши на петтата позција во македонскиот шампионат, Борец по регуларниот дел од македонското првенство се пласираше на претпоследното место.

Првиот дел помина во неизвесна и изедначена игра, а целто полувреме го отсликува и резлутатот на полувреме од 11-11. Во првите триесет минути ниту една екипа немаше поголема предност од два гола разлика. Домаќините го постигнаа првиот гол, а исто така први стигнаа до два гола разлика во средината на првиот дел (7-5). Сепак Пелистер бргу ја врати рамнотежата во играта на овој меч.

Во вториот дел се одлучи победникот на овој дуел.Пелистер по почетните десет минути веќе заработи 10 голови разлика, сепак победникот се одлучи во средината на вториот дел кога гостите создадоа серија од три погодоци за 21-25. До крајот на натпреварот ракометарите на Босеовски го задржија водството и го зголемија за конечни 25-30.

Најпрецизен во составот на Пелистер беше Чантурија со девет голови, додека Дрогришки постигна седум. Кај домаќинот,Мачавелов постигна шест додека Игнов и Тодоровски постигнаа по пет.

Двете екипи ќе настапат во македонскиот плеј-аут и ќе се борат за опстанок во најсилниот македонски шампионат.