Пелистер сигурен против Пролет

Ракометарите на Пелистер ја продолжија победничката серија во Супер Лигата и по победата на гостувањето во Радовиш, триуфираа на домашен терен против составот на Пролет со 28:19, во рамките на заостанатиот дуел.

Домашните уште од стартот си го фатија редот и поведоа со 3:0, потоа водеа и со 7:2, па 10:5. Но, гостите не сакаа без борба да си заминат од Битола и до крајот на полувремето успеаја да го намалат домашното водство на 11:10.

На стартот на вториот дел Пролет за првпат израмни на 11:11, а потоа се играше гол за гол се до 15:15 и имаше уште четири изамнувања. Клучниот период на дуелот беше по 40 минута, кога пелистерци се одлепија вторпат со серија од четири голови за 19:15. Домашното водство беше и 23:19, а до крајот на дуелот гостите не погодија ниту еднаш, а Пелистер со нова серија од пет голови го заклучи натпреварот за конечни 28:19.

Најдобар поединец во домашните редови беше Златко Везенковски со 6 голови, а пикерот Васко Димитровски постигна 5, додека кај гостите се истакнаа Ласко Андоновски и Александар Васиелвски со по 7 голови.