Пелистер се „коцкаше“ против Пролет, но освои бодови

Составот на Пелистер успеа да забележи победа во 2. коло од Супер машката лига и тоа во дерби дуелот против екипата на Пролет со 32:30.

Пелистер беше во предност во најголемиот дел од натпреварот. После лошиот старт, Пролет поведе при 5:3, но брзо дојде до серија од 3:0 за битолчани кои откако го презедоа водството до крајот на првиот дел од мечот немаа проблем за да стигнат до поголема предност на средбата.

До крајот на првиот дел Пелистер стигна и до плус шест кога поведе со 17:11, но пред заминувањето на одмор Пролет намали и се обиде да фати приклучок.

Она што им се случи во финишот на првите 30 минути, битолчани го искористија како мотив за постојана контрола на резулатот и предност од три или четири гола. После 45 минута домашните тргнаа кон завршница во која се обидоа да го решат победникот. Дојдоа до плус седум и ги одржуваа до 30:23 кога Пролет успеа да засили, но финишот беше задоцнет.

Гостите стигнаа до негатива од два гола, но не можеа да сторат нешто повеќе, па ќе се обидат да дојдат до реванш во вториот дел од сезоната.

ПЕЛИСТЕР – ПРОЛЕТ     32:30 (17:14)

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Гледачи: 1000. Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

ПЕЛИСТЕР: Рајичиќ, Плех, Петров, Маџовски 4, Поповиќ 8, Чантурија 2, Димитровски 2, Табанге, Карамијан, Митревски, Лековиќ, Кобетиќ 10, Стоилевски 1, Зејак 1, Ивановски, Перовиќ 4.

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 10 мин.

ПРОЛЕТ 62: Кимевски, Коруновски, Кристо, Ф. Василевски 5, Аларов, Јовчевски 2, Давитковски 1, А. Василевски 2, Манев, Трајковски 5, Андоновски 6, Џонов 3, Мајнов 2, Стојановски 1, Манасков 3.

Седмерци: 5/7, Исклучувања: 6 мин.