Пелистер прв на полусезона: Нема бодови за никого во Битола

Екипата на Пелистер остана цврсто на врвот во Супер машката лига после девет кола со што на средина од шампионатот го има највисокот место на табелата. После денешната победа над Охрид, Пелистер има вкупно 21 бод, а со тоа има пет повеќе од Работник, Охрид и Пролет така што влегува со голема предност во вториот дел.

Пелистер имаше надмоќна игра против Охрид и уште во првиот дел успеа да создаде доволно висока предност. Иако Охриѓани се обидуваа да останат во игра, сепак, не можеа многу да е спротистават. Само еднаш беше нерешено и тоа при 1:1, така што сосема јасно е дека Охрид тешко можеше до бодови.

Битолчани имаа контрола на резултатот и на играта. Беа сигурни и знаеја што сакаат во текот на сите 60 минути. Брзо зголемија на 3-4 гола разлика и со тоа успеаја да се изборат за сигурност. Беа добри во одбрана, а во нападот за нијанса подобри и на тој начин стигнаа до 14:10 на одмор.

Во вториот дел охриѓани успеаја да стигнат до негатива од два гола и така се одржуваа во текот на сите 30 минути. Успеаја да се одржат до финишот, кога стигнаа до негатива од еден гол, 21:20, но тука битолчани со серија од два гола стигнаа до 23:20 така што веќе го решија мечот, па гостите само ублажија за конечни 23:21.

ПЕЛИСТЕР – ОХРИД      23:21 (14:10)

Сала: „Младост“ во Битола. Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје. Делегат: Петре Климкаров од Велес.

ПЕЛИСТЕР: Рајичиќ, Ристевски, Јагуриновски 2, Маџовски 1, Ивановски, Чантурија 3,Димитровски 5, Чуриќ 1, Орјоникидзе 6, Босеовски, Апостоловски, Митревски, Ончев, Митиќ 3, Тодоровски, Везенковски 2

Седмерци: 1/3, Исклучувања: 4 мин.

ОХРИД: Трајкоски 1, Стојаноски, Аноноски 2, Ивановски, Младеновски 1, Блажески 1, Костов, Ристески, Бирдахиќ 1, Спасовски, Тасески 1, Андоновски, Адамовиќ 5, Димитриески 8, Кљајиќ 1

Седмерци: 5/6, Исклучувања: 6 мин.