Пелистер настрада во “Автокоманда”

Во натпревар од супер лигата екипата на ЖРК Металург имаше лесна задача против ЖРК Пелистер пред домашната публика и славеше победа со 47:18 (27:7). Уште од самиот почеток избраничките на Александар Петровски започнаа со шутерско шоу, а неизвесно беше со колку разлика ќе биде поразен Пелистер. Иако натпреварот се одигра во “Автокоманда” улогата на домаќин ја имаше ЖРК Пелистер.

Најефикасна во ЖРК Металург беше Моника Талевска со десет погодоци. Во составот на ЖРК Пелистер се истакна Викторија Мурговска со седум погодоци.