Пелистер му врати на Радовиш со камата за поразот на стартот

Пелистер ја продолжи победничката серија и врза осма победа по ред во Супер машката лига, а за поразот на стартот од сезоната му врати на Радовиш со камата совладувајќи го денеска со 29:23.

Во меч во кој сè беше јасно уште во првото полувреме, Пелистер немаше проблеми да одработи според она што беше зацртано уште пред почетокот на натпреварот. Битолчани тргнаа сигурно и на гостите им дозволија да израмнат само при 2:2. После ова следуваше серија на Пелистер која донесе предност од три гола и најави добро продолжение на мечот.

Радовиш не можеше да следи овој ритам и до крајот на првиот дел загуби многу, а на одмор беше 15:9 во корист на битолчани.

Во вториот дел од средбата, Радовиш проба да намали и да се врати во игра, но не успеа до крај бидејќи Пелистер одново стигна до шест разлика и на тој начин со 29:23 му врати на Радовиш со камата за поразот од стартот на сезоната.

ПЕЛИСТЕР – РАДОВИШ               29:23 (15:9)

Сала: „Младост“ во Битола. Гледачи: 1500. Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

ПЕЛИСТЕР: Рајичиќ, Ристевски, Јагуриновски 2, Маџовски, Ивановски, Чантурија 4, Димитровски 2, Апостоловски, Чуриќ 9, Орјоникидзе 4, Босеовски, Митревски, Ончев 1, Тодоровски, Везенковски 7.

Седмерци: 2/4, Исклучувања: 4 мин.

РАДОВИШ: Паунов, Левов, Марков, Јованов, Долдуров 1, Глигоров 1, Ѓорѓиев 2, Постолов, Соколов 1, Спасов, Симиќ 5, Ристов 2, Чизмовиќ 4, Мајиќ 7, Спасов.

Седмерци: 2./5, Исклучувања: 10 мин.