Пелистер и Куманово фаворити за бодови на денешните пресметки

Поради натпреварот во Лигата на шампионите на Вардар двобојот меѓу двата тима на „црвено-црните“ ќе биде одигран во вторник.

Денеска, пак, ќе има средби во Битола и во Куманово, а на двата терени домашните состави се во предност. Се очекува и Пелистер и Куманово да успеат да стигнат до бодови.

Затоа, пак, утре во Прилеп, Металург ќе треба да покаже дека е во добра форма и дека може да го надигра и составот на Деспина, кој е уште без бодови.

ЖЕНСКА ЛИГА, 6. КОЛО

САБОТА, 21.10.2017

ПЕЛИСТЕР – ОВЧЕ ПОЛЕ              15ч

Сала: „Младост“ во Битола. Судии: Никола Пауновски и Оливер Спироски од Струга. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

КУМАНОВО – ГЕВГЕЛИЈА           18ч

Сала: Христијан Тодоровски Карпош во Куманово. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје. Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

НЕДЕЛА, 22.10.2017

ДЕСПИНА – МЕТАЛУРГ                16:30ч

Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Судии: Михајло и Методија Илиевски од Битола. Делегат: Сашо Јанкуловски од Битола.

ВТОРНИК, 24.10.2017

ВАРДАР – ВАРДАР ЈУНИОР       18:30ч

Сала: СЦ „Јане Сандански“ (мала сала) во Скопје. Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје. Делегат: Цане Куртовиќ од Скопје.