Пелистер им се врати на победите, Борец втората жртва

Пелистер по девет одиграни натпревари ја нанижа втората победа, втора во низа по почетниот лош период од сезоната. Ракометарите на Игор Николовски во Битола го совладаа ГРК Борец со резултат 25-20 и со шест бодови напредуваа за едно место на табелата.

На самиот почеток Борец имаше одлична предност од 0-3, но Битолчани не дозволија уште едно понижување на домашен терен и веќе по првите 10 минути го изедначија резултатот на 6-6. Последниот период од првите триесет минути ја одлучи судбината на победникот. Пелистер беше подобар противник и заслужено со постигнати 8 голови наспроти трите на гостинските ракометари го заврши првиот дел со предност од 14-9.

Pelister

Вториот дел повторно започна со два погодока во мрежата на Пелистер, но тоа беше се што успеаа да постигнат гостинските ракометари. Битолчани ја одржуваа предноста од три голови разлика во текот на целото второ полувреме, а Борец се обидуваше да ги стигне но успеа да се доближи најблиску до два погодока негатива. Во последниот период Пелистер ги расчисти сите дилеми околу победникот и на крај славеше убедливо со 25-20.

Најпрецизен во редовите на Пелистер беше Маџовски со седум постигнати голови, репрезентативецот на Македонија, Димитровски постигна шест додека Дрогришки пет голови

За Борец, Икономов Мачевелов и Лазаревски постигнаа по четири погодоци.

Pelister

По девет одиграни кола, Пелистер се наоѓа на осмата позиција со шест бодови, додека Борец исто така има шест бодови и заостанува една позиција, но има и натпревар помалку.

ФОТО:ФИЛИП ВИРАНОВСКИ