Пелистер знаеше како до победа над Гевгелија

Екипата на Пелистер ја совлада Гевгелија со 30:23 во последниот меч од 9. коло во Женската лига. Битолчанки славеа по доминантната игра во текот на целиот натпревар и заслужено ги освоија трите поени.

Иако Гевгелија рано поведе, не се чекаше многу за Пелистер да го возврати ударот. Стабилната игра на домашните ги донесе до предност на полувреме од 16:8.

До крајот она што мораше да го одработи Пелистер беше чиста рутина, па и покрај напредокот во играта на гостинките, победата која ја забележаа битолчанки беше убедлива.

Грузијката Мадеа Чокели беше најефикасна во победата на Пелистер и мечот го заврши со осум погодоци. На спротивната страна осумте голови на Марија Анчева не беа доволни за помал пораз.

ПЕЛИСТЕР – ГЕВГЕЛИЈА     30:23 (16:8)

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Саше Јанкулоски од Битола.

ПЕЛИСТЕР: Каковска, Божиновска 1, Раиф 4, Николовска, Милосављевиќ, Талевска 6, Кицеска, Чокели 8, Ристова, Филипоска 2, Белевска 1, Јанкуловска 6, Каранфиловска 2, Блажевска, Апостоловска.

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 8 мин.

ГЕВГЕЛИЈА: Каранфиловска, Анчева 8, Мандалова 3, Љупова, Попова, Асановиќ, Митревска 4, Чурлинова, Димова 1, Горковска 1, Карајанова, Стојанова 6.

Седмерци: -, Исклучувања: 6 мин.