Пелистер го освои турнирот „Миле Нешкоски“

Денеска во Прилеп заврши третиот по ред меморијален турнир „Миле Нешкоски“. Освојувач на титулата е битолски Пелистер, кој по три порази во серија на пријателските натпревари, на овој турнир забележа максимални три победи.

По триумфите над Борец и домаќинот Прилеп, битолчани славеа и над директниот конкурент Пролет со 35:31, додека во натпреварот кој практично одлучуваше која екипа ќе го освои третото место, составот на Борец од Велес го совлада Прилеп со 39:31.

1 коло
Пелистер – Борец 33:26
Прилеп – Пролет 24:25

2 коло
Пролет – Борец 30:27
Прилеп – Пелистер 30:39

3 коло
Борец – Прилеп 39:31
Пролет – Пелистер 31:35