Пелистер го комплетираше пивотменското дуо за наредната сезона

Нов ракометар во редовите на Пелистер е Иван Тасески. Младиот пивот кој се најде на поширокиот список на Лино Червар, потпиша 2 годишен договор со управата на Битолчани. По Васко Димитровски кој го продолжи својот договор со управата на Пелистер, Тасески ќе ја комплетира пивотменската позиција во составот на Кaменица.

Битолчани ја создаваат екипата за наредната сезона. По Лазаревски и Колев, Иван Тасески е третото засилување во составот на Пелистер. Својата верност кон „зелено-белите“ бои ја продолжија Чантурија, Николиќ и Васко Димитровски, а во наредниот период се очекува продолжување на договорите за Борјан Маџовски и Стефан Дрогришки. Битолчани се уште бараат квалитетно решение на левата бековска позиција по што би се комплетирал костурот на екипата која ќе се натпреварува за високите позиции во машката Суперлига.