Пелистер ги зацврстува своите редови

Нов ракометар на амбициозниот Пелистер ќе биде Златко Везенковски. 31-Годишниот централен бек во Битола пристигна од редовите на Макс Струмица и со управата на клубот потпиша едногодишен договор. Везенковски се враќа во Пелистер по четири години, а клубот ќе добие искусен ракометар на плејмејкерската позиција.

13592218_1022334121206953_1565298443668707158_n

Покрај Везенковски новина во составот на Пелистер е продолжувањето на договорот со Златко Велјановски и Кире Митревски. Управата на клубот одлучи да задржи дел од кадрите на Пелистер и за наредната сезона во која ќе треба да се натпреваруваат на два фронта во македонската лига и ЕХФ купот.