Пелистер владее во Пелагонија

Ракометарките на Пелистер ја продолжија победничката серија и по победата над Металург, славеа на гостувањето во Прилеп кај тимот на Деспина со 19:27. Домаќинките водеа со 3:1, Пелистер направи пресврт, 3:5, и оттогаш само тие водеа. До крајот на полувремето предноста се искачи на плус 5, 6:11.

На стартот на вториот дел, Пелистер стигна и до 6:14, па немаше дилеми околу победникот и до крајот само ја одржуваше разликата за конечни 19:27. Најдобра во победничкиот состав беше Ангела Јанкуловска со 10 голови, додека по 5 дадоа Милосављевиќ и Величковска. Кај Деспина се истакна Михаела Камческа со 8 голови.