Пелистер без столбот на одбраната: Кире Митревски ќе паузира до крајот на сезоната!

Левиот бек на Пелистер, Кире Митревски во следните неколку месеци ќе отсуствува од ракометните терени и нема да можe да му помогне на тимот во натпреварите од Суперлигата.

На натреварот со Охрид по дуелот со противничкиот ракометар Димитриевски, Митревски се пожали на болки во коленото и беше заменет веднаш. Магнетната резонанца покажа скинати лигаменти, а според медицинските предвидувања се очекува долга пауза за бекот и опоравување од операцијата која треба да следи.

Покрај Митревски, Пелистер не може да смета ниту на голманите Харис Плех и Бобан Ристевски, за кој дополнителни прегледи ќе покажат дали ќе биде фит за дерби натпреварот против градскиот ривал Еурофарм Работник.