Пелистер без мака со Радовиш

По усшениот европски настап, како и по победата над Прилеп во заостанатиот натпревар, ракометарите на Пелистер ја продолжија победничката серија во Супер лигата и победија на гостувањето во Радовиш со 22:28.

Домашните на почетокот го контролираа дуелот, водеа 6:4, 7:6, 8:7, но при 9:9, Пелистер со серија од 5:1 се одлепи на полувреме со предност од 10:14. Битолчани во вториот дел зголемија на плус 6, 12:18 и до крајот се беше формалност, а избраниците на Каменица имаа и плус 7, 18:25. Конечниот резултат на овој дуел е 22:28.

Најдобар поединец кај битолчани беше десното крило Реваз Чантурија со 11 голови, а Бојан Маџовски имаше 5 голови, додека и голманот Даниловски постигна 1 гол. Во домашниот состав се истакна десниот бек Игор Милосављевиќ со 8 голови, а пикерот Чизмовиќ имаше 5 голови.