Пелистерци и Каменица се радуваат, Вогошча во солзи (ВИДЕО)

Пелистер ќе презими на европската сцена откако во самиот финиш на драматичниот натпревар во Вогошча, стигна до победа од 28:25, со која ја анулира негативата од Битола и се пласира во осминафиналето на Челинџ Купот.

По завршувањето на дуелот, на теренот во салата во Вогошча имаше големо славје меѓу македонските ракометари и стручниот штаб, наспроти додека ракометарите на Вогошча на спротивната страна останаа во тага, солзи и неверување по случувањата на теренот во последните минути. Погледнете во видео прилогот…