Паштор за 24 Ракомет ТВ: Барса и Веспрем победија во Скопје, ќе се обидеме и ние (ВИДЕО)

Екипата на Пик Сегед вечерва од 20 часот му гостува на Вардар во првиот дуел од четврт-финалето во Лигата на шампионите и ова ќе биде мечот кој ќе покаже која од двете екипи е поблизу до успех односно до подобар резултат на патот кон Ф4 турнирот во Келн.

Тренерите на двете екипи се познаваат одлично. Паштор кој го води Пик Сегед му беше тренер на Парондо пред неколку години, па ова ќе биде интересна пресметка и од таа гледна точка. Сепак, тренерот на Пик Сегед не сака ништо да препушти на случајот и вели дека ова ќе биде тешка средба иако Вардар е во тешка ситуација после откажувањето на првиот човек на клубот, Сергеј Самсоненко.

„Не мислам дека тоа ќе се одрази на играта на Вардар. Мислам дека поради тоа можат да бидат дури и поопасни. Ова сигурно нема да биде лесна средба. Напротив очекувам тежок дуел, кој е максимално важен за нас. Ќе се обидеме да дојдеме до победа.  Видовме дека тоа им успеа на Барселона и на Веспрем, кој имаше и пет гола негатива во првото полувреме. Знаеме дека нема да биде исто, но ќе се обидеме“, изјави Паштор за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава на Хуан Карлос Паштор ќе можете да ја погледнете во продолжение.