Патот до осминафиналето: Како Македонија ги “мелеше” своите противници на патот до осминафиналето (ВИДЕО)

Македонската ракометна репрезентација прикажува фанстастични партии во досегашниот тек на СП, и со четири победи и само еден пораз од фаворитот за медал, Хрватска, се пласираше во осминафиналето каде за противник ја има репрезентацијата на Словенија. Стартувавме убедливо совладувајки го незгодниот Тунис, следни жртви беа Иран и Босна и Херцеговина, за во четвртото коло да доживееме пораз од еден од фаворитите на СП, репрезентацијата на Хрватска. Второто место во групата Б го обезбедивме со стил, совладувајки ја Австрија со што си обезбедивме осминафинален дуел против Словенија. Патот на Македонија до осминафиналето погледнете го на следново видео: