Пастор: Не само Вардар, и ние заслуживме Ф4!

Вардар загуби на гостувањето кај ПИК Сегед со 29-25, но и покрај тоа успеа третпат по ред да обезбеди место на завршниот турнир во Келн! Иако домашниот тим ја имаше предноста која му гарантираше пласман на Ф4, сепак варарци се изборија за пораз од четири голови.

Тренерот на домашниот тим, Хуан Пастор, беше разочаран по поразот.

„Ние одигравме добар меч денеска, во одбраната се браневме добро, на високо ниво. Водевме девет  голови, и требаше да го добиеме вотирот дел само со еден гол. Клучот во вториот дел беа многуте исклучуваа, Вардар можеше да се врати во натпреварот и после тоа веќе игравме различно од првиот дел. Ние заслуживме да се пласираме на Ф4, но тоа е тоа. Решавачки беа и последните десетина минути во Скопје, но треба да бидеш голем и во порази и во победи. Јас земав тајм-аут во последната минута за да ги спречам скандалите да ескалираат. Многу сум горд што сум дел од ПИК Сегед, горд сум на моите момци што не се предадоа до крајот“, вели Пастор.