Пасквал: Не го сакам зборот „одмазда“, но…

Вардар го очекува настапот на завршниот турнир во Лигата на шампионите против Барселона во Келн. Тренерот на каталонците Чави Пасквал, вели дека неговите пулени ќе имаат екстра мотивација пред дуелот со македонскиот шампион.

„Дуелите од регуларниот дел од сезоната немаат врска со полуфиналето. Ќе биде тешка борба, а мечот и за двата тима ќе започне со 0-0. Не го сакам зборот „одмазда“, но сигурно ние ќе имаме екстра мотивација за Вардар. Дури и да победевме пред две години, исто така ќе посакувавме победа и оваа сезона. Моите играчи не гледаат кој е противникот, тие само сакаат да победат. Патуваме за Келн да победиме, но ако не се случи тоа, никој нема да може да каже дека не сме го оставиле срцето на терен“, вели Пасквал.

Натпреварот меѓу Вардар и Барселона се игра на 1 јуни со почеток во 18:00 часот.