Партизан немаше сили за Младост

Ракометарите на Младост Богданци славеа на гостувањето во Гевгелија кај Партизан со 21:23. Иако домашните очекуваа да го победат соседскиот ривал, сепак без Иван Џонов немаа сили да му се спротистават на несудениот суперлигаш.

Партизан отвори со водство од 5:2, но одличниот Горан Лисичков и ветеранот Ристо Узунчев, полека ја топеа домашната предност и по нерешените, 7:7 и 8:8, му донесоа на Младост водство со 8:11. На пауза се замина со 10:12.

Во вториот дел гостите од Богданци ја одржуваа разликата и во финишот стигнаа и до плус 6, 17:23. Упорните домаќини не се откажуваа, но се што направија е тоа што ја стопија разликата на минус 4, 21:23, што беше конечен резултат и немаше време за нешто повеќе.

Најдобар во победничката екипа беше Горан Лисичков со 9 голови, Ристо Узунчев даде 4, додека по 3 имаа Пеев и Аврамов. Во отсуство на Џонов, кај Партизан се истакнаа Михаил Аларов и Иван Митревски со по 6 голови, а Виктор Гроздановски 5 пати се запиша во листата на стрелци.