Партизан даде отпор, но бодовите останаа во Богданци

За еккпата на Младост Богданци мечот од 11. коло беше шанса за настап на сите ракометари, а победата против Партизан од Гевгелија беше обезбедена со 28:22.

Составот кој беше домаќин на овој дуел беше во константна предност стекната уште на стартот со 4:0 така што во ниту еден момент немаше проблеми околу тоа кој состав ќе дојдедо трите бода. Младост Богданци имаше целосна контрола и успеа да го добие првиот дел со 14:11.

И второто полувреме беше добиено со идентичен резултат од 14:11, па на крајот беше 28:22 со што немаше никакви дилеми околу тоа каде одат новите бодови.

Партизан го имаше младиот Тодор Узунчев, кој постигна пола од головите на гостите, но тоа не беше доволно за да може да се стори нешто повеќе.

МЛАДОСТ БОГДАНЦИ – ПАРТИЗАН     28:22 (14:11)

Сала: „Млаз“ во Богданци. Гледачи: 200. Судии: Роберт Пановски и Божидар Димитриевски од Велес. Делегат: Благој Петров од Велес.

МЛАДОСТ БОГДАНЦИ: Паунков, Јанушев, Михајловиќ 1, Демерџиев, Колевски 4, Фиданов 1, Пеев 5, Банцалиски 5, Павиќ 4, Роглев, Ј. Апостоловски 1, Н. Апостоловски, Шарланџиев 3, Михајловиќ, Стоилов 4, Олумчев.

Седмерци: 4/5, Исклучувања: 6 мин.

ПАРТИЗАН: Костадинов, Љатев, Камчев 5, Динев, Костадинов 1, Вегов 1, Трајков, Костадинов, Мандалов 3, Д. Узунчев 1, Ангелов, Т. Узунчев 11, Велев, Ангов, Маренчев.

Седмерци: 4/6, Исклучувања: 2 мин.