Парондо одмора четворица: Вардар без Скубе, Кристопанс, Мораес и Дибиров против Металург

Во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ започна дуелот меѓу Вардар и Металург, последен од 5. коло во плеј-офот од Суперлигата.

Стратегот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо за оваа средба не смета на пивотменот Рожерио Мораес, десниот бек Даинис Кристопанс, средниот бек Сташ Скубе, како и левото крило Тимур Дибиров.

Металург е во комплетен состав.