Парондо на полувреме им рекол на вардарци: Однесувајте се како вие да водите два разлика!

Македонскиот првак Вардар обезбеди пласман во финалето на Лигата на шампионите откако ја победиме Барселона со 29-27. Тренерот Роберто Парондо откри што им рекол на полувреме на своите играчи.

„На паузата од полувремето, им реков на моите играчи во вториот дел да се однесуваат како тие да водат два гола разлика. Тоа го направија. Многу сме горди што сме во финалето, го победивме најдобриот тим во светот. Во првото полувреме, не игравме толку лошо, но имавме некои грешки и промашивме некои лесни шутеви. Тоа беше разликата. Тешко ми беше да им објаснам на играчите дека сум среќен како играат“, изјави Парондо.

Финалниот двобој меѓу Вардар и Веспрем се игра утре со почеток во 18:00 часот.