Парондо: Металург повеќе ја посакуваше победата

По неочекуваниот и изненадувачки пораз во финалето од Купот на Македонија тренерот на Вардар, Роберто Парондо истакна дека неговиот тим не беше на потребното ниво и дека противникот заслужено стигна до куп-пехарот.

‚Металург денеска повеќе ја сакаше победата од нас. Игравме добро во првото полувреме, но во второто полувреме ние не бевме во натпреварот, не игравме како што треба. Го немавме потребниот интензитет во играта, но тоа е тоа. Знаеме дека не бевме добри, знаеме што треба сега да направиме да се поправиме. Металург е млад тим и ја заслужи оваа победа“, изјави Парондо.

За Вардар до крајот на сезоната останува да ја потврди шампионската титула во првенството на Македонија и да добро да се подготви за фајнал-форот во Лигата на шампионите во Келн.