Парондо за 24Ракомет: Да се подготвиме најдобро што можеме за да уживаме во завршниот викенд

Вардар го доби истиот ривал во полуфиналето на завршниот турнир во Лигата на шампионите од годината кога стана европски шампион. Шпанскиот гигант Барселона им стои на патот на вардарци до ново финалето во Келн.

Тренерот Роберто Парондо ја препушта фаворитската улога на каталонскиот тим.

„Ќе играме против Барселона и ќе биде многу лесно“, низ смеа коментира Парондо.

„Сите велат дека Барса е фаворит за титула, поради нивната долга традиција, а оваа сезона завршија на прво место во групата. Можам да потврдам дека тие се фаворит, бидејќи играат навистина добар ракомет. Ние ќе се подготвиме да го дадеме најдоброто што можеме и  да победиме. Но најпрво ќе им кажам на играчите да уживаат во тој Ф4 викенд. Не треба да имаат никаков притисок, само да играат ракомет. Барса има и одлична одбрана и одличен напад, па ќе мораме да најдеме решение за нивниот одбранбен ѕид“, изјави Парондо за 24Ракомет.

Натпреварот меѓу Вардар и Барселона се игра на 1 јуни во Келн.