Парондо е број 1, го симна Врањеш од вечната листа

Тренерот на Вардар, Роберто Парондо во неделата со своите ракометари стана еден од ретките кој успеал да дојде до трофејот од Лигата на шампионите и како тренер и како играч. Иако ќе му треба уште многу за да го симне од врвот Талант Душебаев, тој успеа да се најде на лидерското место на вечната листа во ерата на ЛШ откако се игра фајнл-фор.

Роберто Гарсија Парондо од неделата е најмладиот тренер кој успеал да ја освои круната и воедно првиот тренер кој стигнал до трофејот под 40 години.

Парондо дојде до трофејот со 39 години пет месеци и 21 ден и со тоа се најде на првото место и ќе биде голем предизвик за секој тренер кој млад ја почнува својата кариера да стигне до тронот во Келн што значи дека може да ужива на врвот уште долго. До неделата најмлад тренер со титула беше Љубомир Врањеш. Швеѓанецот кој сезонава ја почна со Веспрем и претрпе тежок пораз дома од Вардар, дојде до титулата со Флензбург во 2014 година. Тогаш имаше 40 години 7 месеци и 29 дена.

Највозрасен тренер остануа Патрис Канаје од Франција. Тој минатата година дојде до титулата со Монпелје на 57 години еден месец и 23 дена.

Во 2017 година кога Вардар ја освои првата титула, Раул Гонзалез имаше 47 години 4 месеци и 27 дена.