Парондо го враќа шпанскиот шмек во ЖРК Вардар

Шпанецот Роберто Гарсија Парондо ќе му донесе шпански шмек на ЖРК Вардар, бидејќи во иднина ќе биде дел од стручниот птаб на европскиот виепрвак. Од клубот потврдуваат дека тој е веќе на тренинзите на Вардар, и ќе и биде помошник на Ирина Дибирова. На клупата ќе седи и Аце Станковски, кој досега исто така беше асистент тренер.

Парондо е актуелен помошник на Раул Гонзалез во машката сениорска репрезентација на Македонија, и поранешен ракометар на Сиудад Реал. Тој настапуваше за унгарскиот клуб Будакалаш, а претходно за ПИК Сегед.

Тој е третиот шпански тренер во Вардар, по Раул Гонзалез и Давид Дејвис Камара.
Екипата на Вардар се подготвува за настап во групната фаза од лигата на шампионите што почнува во октомври. Првите натпревари за Парондо на клупата на Вардар ќе бидат на турнирот од регионалната ВРХЛ лига следната недела во Подгорица.

Фото: Жрк Вардар