Пантерот Томовски ги откажа Русите (ВИДЕО)

Македонија славеше со 29:22 над Русија во првото коло од групната фаза на Мундијалот во Алжир. Иако момците на Темелковски имаа негатива од 3 голови во вториот дел, сепак на крајот славеа убедлива победа.

Еден од најзаслужните за тоа е голманот на Металург, Мартин Томовски, кој токму кога најмногу требаше ги откажа руските ракометари од борбата за камбек во мечот и им одбрани неколку удари во серија. Погледнете ја неговата интервенција при 24:20…