„Пантерот“ Томовски во акција (ВИДЕО)

Металург одигра реми, 28:28 на гостувањето во Харков, кај Мотор Запорожје во Лигата на шампионите, иако можеше да се врати и со полн плен. Но, можеше и да загуби, ако во финишот на мечот при резултат 26:27, не беа двете одбрани од пенал на голманот Мартин Томовски.

Тој скроти два удари од седум метри, на Артем Козакевич. Погледнете ги фантастичните одбрани на македонскиот репрезентативец…