Палмарсон: Фрустрирачки е да се загуби на ваков начин!

Исланд загуби на домашен терен од Македонија со 33-34 и за првпат во меѓусебните дуели во Рејкјавик, „рибарите“ мораа со наведнати глави да го напуштат теренот. Арон Палмарсон беше незапирлив и постигна 12 голови против нашата селекција, но бели е фрутриран по поразот.

„Не може да биде полошо од ова. Имавме шанса за победа, но несмасно ја упропастивме. Потоа ни дојдоа црвениот картон и седмерецот. Навистина смешно е тоа што се случуваше, но можеме да научиме нешто од ова. Тоа што се случи во финишот беше во жарот на играта, барем се надевам дека е така. Имавме топка в раце и навистина е фрустрирачки што не ја искористивме. Исто така, одбраната и голманите не беа на наша страна. Повеќе од 30 гола да примите на домашен терен е очаен резултат, не сакаме светот да нè знае по ова“, изјави Палмарсон.

Вториот натпревар меѓу Македонија и Исланд ќе се игра на 14 април во Скопје од 20:00 часот.