Палмарсон и Илиќ со “скопско” го прославија големиот триумф во Скопје (ФОТО)

Ракометарите на Веспрем славеа голема победа на жешкиот терен во Скопје, и практично со едната нога се пласираа на фајнл-фор турнирот во Келн. По големиот триумф на социјалните мрежи се огласи еден од најдобрите актери вечерва, исланѓанецот од редовите на Веспрем, Арон Палмарсон кој беше втор стрелец во својата екипа со 7 постигнати гола.
“Голема победа во Скопје”!-гласеше коментарот на Палмарсон, кој веднаш по завршувањето на натпреварот во хотелот Русија ја прослави големата победа заедно со својот соиграч Момир Илиќ.

Good win in Skopje! Hajra Veszprem!!! #CL

A photo posted by aronpalm (@aronpalm) on