Палмарсон: Заслуживме да победиме!

По завршувањето на натпреварот, Арон Палмарсон даде изјава за 24 Ракомет во која сподели информации за финалето и дуелите што претстојат во ЛШ.

24 ракомет: Арон, што според тебе го одлучи натпреварот?

Палмарсон: Добро прашање, очигледно е дека ова беше тежок натпревар за нас, Вардар има одличен тим. Првото полувреме тие беа подобри и го отворија натпреварот, но во последните 10-12 минути од натпреварот ние ја имавме играта под контрола и мислам дека заслуживме да победиме.

12901230_734532109982865_1860591440575704174_o

24ракомет: Ви претстојат уште два натпревари со Вардар во ЛШ. Дали пробавте да скриете одредена тактика, потег, идеја?

Палмарсон: Не, не дојдовме тука да скриеме нешто. Секој тим има свој широк ростер на акции, потези… Во тие два натпревари нема да донесеме нешто ново, не може да се размислува на тој начин, доаѓаме веќе до една критична точка во сезоната каде што сите тимови го играат тоа што најдобро го знаат. Мислам дека ниту еден тим во оваа фаза нема да дојде со некакво изненадување.

24 ракомет: Како си задоволен со твојот перформанс денес?

Палмарсон: Беше ок, но на крајот од краиштата тоа сега не е важно, едноставно сум среќен што мојот тим успеа да го добие натпреварот.